Кошарка
2. March 2017 - 22:47

Евролига: Лидерот Реал Мадрид поразен од Галатасарај

Лидерот Реал Мадрид е поразен на гостувањето во Истанбул кај Галатасарај со 87:84.  Домашниот тим имаше висока предност, но сепак во финишот стигна само до минимална победа.
На другите дуели од 24.коло, кои досега завршија: Жалгирис - Фенербахче 67:76, Црвена Звезда – Бамберг 74:60, Макаби – Олимпијакос 71:82 и Басконија – Армани Милано 87:74.
Утре на програма се дуелите: Уникс – Анадолу Ефес, Дарушафака – Панатинаикос и Барселона – ЦСКА Москва.
Табела: Реал Мадрид 18-6 (победи-порази), ЦСКА 17-6, Олимпијакос 17-7, Фенербахче 16-8, Панатинаикос 14-9, Црвена Звезда 14-10, Басконија 13-11, Анадолу Ефес 12-11, Дарушафака 11-12, Жалгирис 10-14, Барселона 9-14, Бамберг 8-16, Макаби 8-16, Уникс 7-16, Галатасарај 8-16, Армани Милано 7-17.