-->
-->
Евролига: Конечно пораз на ЦСКА Москва
-->
Актуелниот шампион ЦСКА конечно во седмиот натпревар сезонава не успеја да излезе како победник. За тоа се погрижија кошаркарите на турската екипа Дарушафака која пред својата публика во Истанбул го победи рускиот тим со 91-83.
Американскиот интернационалец, Андерсон, мечот го заврши со 20 поени, а солидна помош доби и од Бред Венмејкер (15) и Моермен (11). Кај рускиот тим Де Коло постигна 15 поени исто колку Американецот Кори Хигинс. Теодосиќ мечот го заврши со 13 поени и 10 асистенции.
Со тоа веќе нема непоразрена екипа во Евролигата.
Вечерва се играат уште три средби: Олимпијакос – Барселона, Жалгирис – Галатасарај и Реал Мадрид – Панатинаикос.
На натпреварите одиграни вчеравечер беа постигнати овие резултати: Макаби – Фенербахче 87:77, Анадолу Ефес – Уникс Казан 104:99, Бамберг – Црвена Звезда 78:79 и Армани Милано – Басконија 88:76.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Бостон прв финалист во НБА плејофот
-
Денеска ќе се одржи Конститутивна седница на парламентарниот состав 2024-2028
-
135 сообраќајни санкции во Скопје
-
Повеќе од 20 лица загинаа во големите бури во САД – 300 илјади луѓе останаа без струја
-
Министрите за одбрана на ЕУ ќе разговараат за помошта за Украина и одбранбената индустрија
-
Прва седница на новиот парламент во Техеран по смртта на претседателот на Иран
-
Советот за безбедност на ОН ќе одржи итен состанок по нападот во Рафа
-
Состојба на патиштата