Евролига: Фенербахче поразен во Белград

Црвена звезда стигна до првата победа во новата сезона од Евролигата, откако во „Штарк арената“ во Белград со 68:56 успеа да го сруши турскиот великан, Фенербахче, за кои ова е втор пораз во новата сезона.
Домашниот тим до победата стигна благодарение на фантастичната тимска одбрана од почетокот до крајот на мечот, и покажа повеќе енергија од Фенербахче, кој освен во првата четвртина, постојано заостануваше зад „црвено-белите“. Тоа што успеаја да постигнат само 56 поени доволно зборува за мечот кој го одигра тимот на Милан Томиќ.
Лоренцо Браун беше најефикасен за домаќините со 13 поени, додека по 13 имаа Пепероглу и Гист, а кај Фенер, Нандо де Коло имаше 19 поени, додека Али додаде 13.
ЕВРОЛИГА, 2.КОЛО
Црвена звезда – Фенербахче 68:56 (15:16, 20:14, 16:13, 17:13)
ЦСКА Москва – Баерн Минхен 78:68 (22:18, 25:22, 13:10, 19:18)
Ново на Сител
-

Продолжува судењето за Пулс
-

Филипче: Собранието да го донесе законот за 600 евра минималец
-

Општина Охрид се подготвува за затворање на депонијата Буково
-

Дрвокрадството во последните неколку години намалено за 30 отсто
-

Преглед на вестите од светот
-

Нацрт – предлог на ЕУ – за Албанија “патокази, за Македонија економски придобивки“
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амабасадор во Софија
-

Мицкоски: Владините мерки за поевтини горива ќе чинат над 100 милиони евра, можен втор ребаланс
