Еврокомисијата не сака да ги коментира заканите на Ердоган

Претставник на Европската комисија денеска одби да ги коментира заканите на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, дека Турција би можела ја отвори границата кон ЕУ за трите милиони мигранти кои се наоѓаат на турска територија.
- ЕК не се занимава со хипотетички сценарија. Ние сме целосно посветени на исполнување на спогодбата за миграција со Турција, што е неопходно за заемната доверба и постигање резултати. Очекуваме сите да се држат до договореното. Ќе направиме се што е во наша моќ спогодбата да успее, рече претставникот на ЕК.
Како што, јави БТА, тоj исто така потсети и дека се уште не се исполнети седум од 72-та критериуми за укинување на визите за турските граѓани за влез во ЕУ.
- Прашањето околу дефиницијата за тероризам во турското законодавство е директно поврзано и со визите. Работиме неуморно за изнаоѓање решение и покрај стравувањата дека тој процес се ближи кон ќорсокак, појасни тој.
Ново на Сител
-

Денеска резултати од тестирањето на водата во Гостивар
-

СДСМ: Политичка одговорност за состојбата во Гостивар
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема легитмитет да обвинува
-

Три лица загинаа пред Блаце
-

Оризопроизводството на работ на опстанок
-

Врничкото насилство не запира
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
