Еврокомесарката Јохансон и Спасовски в среда ќе го потпишат Договорот за ФРОНТЕКС
Еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон на прес-конференцијата по Министерската конференција Прашки процес, најави дека в среда во Скопје заедно со министерот Оливер Спасовски ќе го потпишат Договорот за ФРОНТЕКС помеѓу ЕУ и Северна Македонија.
-Мора да го поддржиме ФРОНТЕКС во земјите партнери од Западен Балкан, каде веќе имаме 300 мажи и жени кои овозможуваат поддршка на границите на нашите партнери од Западен Балкан, утре веќе очекуваме предлог за ново преговарање на постојниот договор, со што тој ќе може да се прошири и на границите помеѓу земјите на Западен Балкан, а во среда ќе одам во Скопје за со министерот Оливер Спасовски да го потпишеме Договорот за ФРОНТЕКС помеѓу ЕУ и Северна Македонија, што мислам дека ќе биде уште еден важен чекор напред, рече Јохансон.
Покрај ова, кажа таа, треба да ја зајакнаме поддршката кон нашите партнери од Западен Балкан околу враќањето и реадмисијата и да ја интензивираме нашата поддршка и активностите во врска со сузбивањето на криумчарите со мигранти, па се надевам, рече, дека следната недела веќе ќе можеме да зборуваме за отпочнување на оперативно партнерство против криумчарењето мигранти заедно со партнерите од Западен Баллкан.
Оценувајќи ја како успешна и конструктивна дискусијата на министрите во текот на Четвртата конференција во рамки на Прашкиот процес, еврокомесарката Јохансон се осврна на глобалните случувања, меѓу кои и војната во Украина, која уште повеќе ја наметна потребата од европско единство, како основа за успех.
Во делот на миграциите, Јохансон се задржа на неопходноста од усогласување на политиките на визен режим помеѓу партнерските земји од Западен Балкан со оние на ЕУ за да се спречи злоупотребата на слободниот визен режим што придонесува за наплив на мигранти од Индија, Бурунди, Куба во земјите од ЕУ.
Ново на Сител
-
Aсмир Јахоски во Шутка - Судот ја прифати жалбата на обвинителството
-
Вучиќ: Ќе го уапсиме секој кој ќе предизвика нереди
-
Тема на денот со Љуљазим Фаризи, аналитичар
-
Сквернавење на гробишта
-
Мицкоски: Народот е желен за правда, затоа може да протестира против Судски
-
Уставен спремен за подготвителната седница – домашни и странски експерти ќе дадат оценка за Законот за јазици
-
Бугарија испрати политичка порака деке не е заинтересирана за железничко поврзување со Македонија
-
Политичкиот притисок врз ССМ ќе се одрази во извештајот за напредокот на Македонија