-->
-->
Еврокомесарите Јоурова и Аврамопулос идната недела во Скопје
-->
Еврокомесарите за правда и за миграција, Вера Јоурова и Димитрис Аврамопулос, ќе учествуваат на министерскиот форум ЕУ-Западен Балкан посветен на правдата и внатрешните работи, што ќе се одржи во Скопје на 18 и 19 ноември, соопшти Европската Комисија.
В понеделник, комесарката за правда Јоурова ќе учествува на состанокот на кој ќе се дискутира за владеењето на правото и судските реформи, како и за условите во затворите и употребата на алтернативни санкции. Јоурова истиот ден ќе одржи и дебата со студентите од Правниот факултет.
Во вторник, еврокомесарот за миграција Аврамопулос ќе биде дел од министерскиот состанок за внатрешни работи на кој ќе се разговара за соработката во делот на миграциската политика и граничното управување помеѓу ЕУ и регионот.
На дневен ред ќе се најде и борбата против тероризмот, борбата против организираниот криминал и спречувањето на насилниот екстремизам.
На маргините на министерскиот состанок Аврамопулос ќе потпише два аранжмани кои ќе овозможат спроведување на заедничкиот план за борба против тероризмот помеѓу ЕУ и Западен Балкан.
Предвидени се и билатерални средби на еврокомесарите со премиерот Зоран Заев и шефот на дипломатијата Никола Димитров, а одделно Аврамопулос ќе се сретне со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, а Јоурова со министерката за правда Рената Дескоска.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
14-годишник ненадејно починал во битолско, му се слошило додека бил на роденден
-
Галант го информира Блинкен за операцијата во Рафа
-
УКИМ повторно рангиран на 1.990 место од 2.000 најдобри универзитети во светот
-
Претседателката ќе се придржува до официјалната примена на уставното име, во јавни настапи има лично право на самоопределување, велат од кабинетот на Силјановска Давкова
-
Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат
-
Еруптираше вулканот Ибу во Индонезија
-
Тројца уапсени во Велика Британија поради соработка со разузнавачката служба на Хонг Конг
-
Во Косово досега попишани над 1,42 милиони лица, дел од Србите „се двоумат“