Loading Video...
Фудбал
29. September 2019 - 17:33

Еврогол на Жеравица за победа на Силекс

Фудбалерите на Силекс остварија значајна победа во рамките на 8. прволигашко коло совладувајќи го минимално со 1-0 ФК Работнички. 

Натпреварот мина во отворена и борбена игра а клучниот момент се случи во првиот дел кога домашниот играч Жеравица стрелаше неодбранливо од слободен удар што беше на крајот доволно да се освојат три бода. 
На останатите средби се постигнати следните резултати:
8. коло
Силекс- Работнички 1-0
Вардар - А.Пандев 1-0
Струга ТЛ- Македонја ЃП 0-2
Ренова - Борец 2-1
Шкупи - Шкендија 2-0