-->
-->
Евробаскет: Франција-Шпанија „Ел Класико“ на европската кошарка
-->
Франција и Шпанија ќе играт уште еден натпревар за пласман во финалето. Ова претставува „Ел класико“ на европската кошарка. На последното СП лани во Шпанија „црвената фурија“ победи во групата, а „триколорите“ се реваншираа во четвртфиналето. Исто како и на претходното ЕП во Словенија кога победија во продолжение.
Претходните три победи беа за Шпанија – четвртфиналето на ЕП во Полска, финалето на ЕП во Литванија и четвртфиналето на Олимписките игри во Лондон. Сега ситуацијата е слична Франција важи за фаворит, а Шпанија игра променливо. Кој ќе има повеќе расположени играчи тој ќе слави победа.
Инаку, синоќа во последното четвртфинале Литванија по продолжение ја победи Италија со 95:85. И дури три играчи имаа дабл-дабл учинок: Валанчиунас 26 поени и 15 скокови, Мачиулис 19 поени и 10 скокови и Калниетис 14 поени и 11 асистенции. Литванија во утрешното полуфинале ќе игра против Србија која рутински ја победи Чешка со 89:75. Ерцег со 20 поени беше најефикасен, додека Теодосиќ имаше 12 поена и 14 асистенции.
Преносите од полуфиналните дуели вечерва Франција – Шпанија и утревечер Србија – Литванија ќе можете да ги проследите со пренос на СИТЕЛ телевизија од 21 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Меѓународен ден на студентите
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, Министер за финансии
-
Цигарите и загадениот воздух рак рана за лицата со ХОББ
-
15-годишник со нож прободел двајца малолетници во два одвоени инциденти
-
Преглед на вестите од светот
-
Заедничка седница на македонската и косовската влада во Приштина
-
Пратеници на ДУИ добиле смртни закани, пријава до МВР нема
-
Вишиот обвинител Хајрулахи останува суспендиран од работното место