-->
-->
Евробаскет 2017: Полуфинале на непоразените Словенија и Шпанија
-->
Првото полуфинале на Европското првенство во кошарка вечерва во Истанбул (почеток 20:30 часот) го играат непоразените селекции досега Словенија и Шпанија (актуелен европски шампион). За Шпанија ова ќе биде 10-то последнователно полуфинале на ЕП, додека Словенија го повтори успехот од 2009 година кога беше во оваа фаза на натпреварувањето.
Браќата Гасол и Рики Рубио со своето НБА искуство се предводници на шпанскиот тим, додека кај Словенија ветеранот Горан Драгиќ и младиот Лука Дончиќ се предводници на тимот.
- Шпанија е фаворит, но ние не се плашиме од никого. За ваков натпревар не е потребен мотивациски говор. Кошаркарите мора да бидат како еден. Треба што е можно помалку да мислиме на претходните седум победи. Целиот тим на Шпанија има многу повеќе искуство, изјави селекторот на Словенија Игор Кокошков.
Во второто полуфинале утре ќе играат Русија и Србија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во британските јавни објекти можно е да не се носат маски на лето
-
Нетанјаху: Израел во април ќе го укине сите епидемиолошки мерки
-
Курц бара од ЕУ да воведе ковид-пасош
-
Педесет илјади од околу 180 илјади граѓани постари од 70 години и со хронични болести се пријавиле за вакцинација против Ковид-19
-
СДСМ: Во тек е постапка за избор и на претседател на Форумот на пензионери на СДСМ
-
Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата за Законот за банки
-
МЖСПП: Забелешките на јавноста вградени во финалниот предлог за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк
-
Владата го одобри договорот за набавка на руските вакцини