Кошарка
14. September 2017 - 17:28

Евробаскет 2017: Полуфинале на непоразените Словенија и Шпанија

Првото полуфинале на Европското првенство во кошарка вечерва во Истанбул (почеток 20:30 часот) го играат непоразените селекции досега Словенија и Шпанија (актуелен европски шампион). За Шпанија ова ќе биде 10-то последнователно полуфинале на ЕП, додека Словенија го повтори успехот од 2009 година кога беше во оваа фаза на натпреварувањето. 
Браќата Гасол и Рики Рубио со своето НБА искуство се предводници на шпанскиот тим, додека кај Словенија ветеранот Горан Драгиќ и младиот Лука Дончиќ се предводници на тимот.
- Шпанија е фаворит, но ние не се плашиме од никого. За ваков натпревар не е потребен мотивациски говор. Кошаркарите мора да бидат како еден. Треба што е можно помалку да мислиме на претходните седум победи. Целиот тим на Шпанија има многу повеќе искуство, изјави селекторот на Словенија Игор Кокошков.
 
Во второто полуфинале утре ќе играат Русија и Србија.