Евробарометар: Македонците се за ЕУ, најголем проблем им се економијата и невработеноста

Довербата на граѓаните на Северна Македонија во ЕУ е 57 отсто и бележи намалување од шест отсто во однос на есента минатата година. Сепак, 68 отсто сметаат дека членството во ЕУ би било многу добро за земјата, наспроти 16 проценти кои имаат спротивен став. Дека земјата ќе има корист од зaчленувањето во ЕУ сметаат 72 отсто од граѓаните.
Ова го покажуваат податоците од стандардното истражување на Евробарометар спроведено по европските избори меѓу 7 јуни и 1 јули 2019 година во сите 28 земји членки на ЕУ и петте земји кандидати.
Поддршка за прием на нови земји членки даваат 48 отсто од жителите на ЕУ, што е пораст од три проценти во однос на есента 2018 година. Најголема поддршка за проширувањето даваат Шпанците (70%), Полјаците и Литванците (69%), Унгарците (65%) и Словенците (64%). Најмала поддршка за проширувањето на ЕУ има во Холандија (31%), Франција (32%) и Германија(33%). Сепак, во Франција и Германија, во споредба со претходниот извештај, има раст од два отсто на оние кои се за прием на нови членки.
Граѓаните на Северна Македонија како два најголеми проблема со кои се соочува земјата ја посочиле економската ситуација (35%) и невработеноста (30%).

Општата ситуација во земјата во моментот како добра ја оцениле 47 отсто од испитаниците што е за 10 проценти повеќе во однос на есенскиот Евробарометар. Како лоша, пак, ја оцениле 51 процент или за 11 отсто помалку во споредба со претходното истражување.
Економската состојба како генерално добра ја оценуваат 36 отсто (зголемување од 8%), а како лоша 62 отсто (намалување од 8%).
Подобрување на општата ситуација во земјата во наредните 12 месеци очекуваат 28 отсто, исто толку сметаат дека ќе биде полошо, 40 отсто оти ќе остане иста, а четири отсто не одговориле.
Довербата во Владата е 33 отсто, во Парламентот е 31 отсто, но и кај двете институции има раст од три отсто во однос на резултатите од есенскиот Евробарометар. Доверба во политичките партии, пак, имаат 20 отсто, наспроти 77 отсто кои немаат. На медиумите им веруваат 36 отсто, а не им веруваат 62 отсто од испитаниците.
Истражувањето на Евробарометар е спроведено според методологија „лице во лице“. Во ЕУ биле опфатени 27 464 испитаници, а во Северна Македонија 1 017 во периодот од 12 до 26 јуни годинава.
Ново на Сител
-

Илон Маск: УСАИД беше политичка организација, никој не умре што ѝ ги скративме парите
-

Ги тепале сопствените мајки: 34-годишник бидејќи не му дала пари, 24-годишник ја влечел заглавена за врата од кола
-

Иран повторно ѝ се закани на Бугарија поради американските авиони
-

Фатени на камера, со натписи „УЧК“ вандализиран Српскиот културен центар во Куманово | ВИДЕО
-

Поскапува парното во Скопје, новите цени важат од 1 август
-

Ќерката на Гоце Тодоровски: Уште кога си замина кумац Ванчо, замина и дел од тебе, сега барем знам дека сте заедно
-

Авионска дезинсекција против комарци во Скопје на 30 и 31 јули
-

МВР воведува брзи тестови за дрога кај возачите – резултат за 10 минути
