Евроатланските аспирации во фокусот на средбата Шапуриќ - Кучук
Министерот задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни претпријатија Зоран Шапуриќ вчера имал средба со пратеникот во Европскиот парламент Илхан Кучук на која се разговарало за напорите што ги прави македонската Влада за евроатланските интеграции на Македонија.
Од Кабинетот на министерот Шапуриќ денеска соопштија дека тој го запознал европратеникот Кучук со предизвиците и активностите за исполнување на европската агенда.
- Кучук изрази задоволство што Република Македонија, по повеќегодишен застој, повторно чекори на патот кон евроатланските интеграции и истакна дека Европскиот парламент силно ја поддржува Македонија во нејзините аспирации за членство во Европската унија и НАТО. Тој истакна дека овие напори на македонските институции ќе дадат резултат, велат од Кабинетот на министерот Шапуриќ.
Ново на Сител
-
Анчелоти може да добие отказ ако Реал Мадрид не се пласира во осминафиналето од ЛШ
-
Поради магла намалена видливост до 100 метри во Кочани, Страцин, Битола и Плетвар
-
Нетанјаху: Израел нема да го спроведе примирјето во Газа додека не добие список од 33 заложници
-
Извршени претреси во Скопје, уапсени дилери на дрога и оружје
-
И кажале дека нејзината ќерка прегазила дете - измамена 76-годишна скопјанка за 130 илјади денари
-
Полициски службеник земал 50 евра поткуп, пронајдени пари и документација
-
Уапсен Раде Трајковски-Штекли
-
Синер без проблеми до четвртото коло на Австралија Опен