Ево Моралес има осумгодишен син од вонбрачна врска

Боливискиот претседател Ево Моралес има син од неговата поранешна вонбрачна врска со една млада Боливијка, за кого досега верувал дека не е жив, пишуваат денеска јужноамериканските медиуми.
Претседателот јавно призна дека во 2005 година почнал во врска со Габриела Запата, како и дека две години подоцна двојката добила син, но дека детето набргу починало, а тој и Запата се разделиле.
Мајката на детето сега тврди дека детето е живо и здраво, дека има осум години, дека живее во Боливија и дека се вика Ернесто Фидел.
Таа вели дека е подготвена да го покаже детето од нејзината врска со актуелниот претседател на Боливија, за да се види дека тоа е живо и постои, но нагалсува дека тоа ќе го стори само за медиумите.
Отритието за вонбрачниот син на неженетиот Моралес се случи во текот на една специјална емисија на боливиската телевизија, околу истрагата што ја воделе новинарите за раширената пракса во домашното градежништво и изградбата на станови во стилот „купи-продади“.
Повод за новинарската истрага била одлуката на владата во Ла Паз да направи вносен договор со една кинеска градежна фирма, стационирана во Боливија. Во кинеската фирма, како еден од директорите работела и Габриела Запата, за која новинарите откриваат дека до 2007 година би била партнерка на сегашниот претседател Моралес.
Веднаш по емитувањето на програмата, Обвинителството започнало истрага, а властите ја уапсиле Запата под сомнеж за „перење пари“ и за злооупотреба на функцијата.
Тетката на Запата, која ја посетила во затворот, изјави пред медиумите дека детето живее во Ла Паз, а таквата информација ја потврди и адвокатот на уапсената.
Моралес од својата страна изрази спремност да се сретне со својот досега невиден син, признавајќи го како свое дете, па дури и рекол и дека ќе плаќа за неговото издржување.
Министер во владата, меѓутоа, денеска им изјави на локалните медиуми оти детето, сепак, починало, набргу по породувањето.
Но, Запата и натаму тврди дека ќе го покаже детето, но само ако со неа бидат и медиумите, оправдувајќи ја претпазливоста со „безбедносни причини“.
Ево Моралес (56), кој има други две деца од претходни врски, никогаш не бил оженет. Врска со Габриела Запата, која сега има 28 години, ја започнал кога таа била на 18-годишна возраст.
Ново на Сител
-

ДНК на судијата Ѓоко Ристов најдена на заѕиданите 350.000 евра
-

Уапсен сопственикот на ФК „Башкими“
-

Иран соопшти дека не е планирана нова рунда преговори со САД
-

Децата на спортски настан кај претседателката Сиљановска Давкова, им порача да ги вежбаат телото и умот
-

Кривична пријава за лице од струшко Ливада за убивање и мачење животни
-

УХМР: Посвежо и нестабилно, до среда локално невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер
-

Синдикалната минимална кошница за април 68.797 денари
-

„Калинка“ – симбол на среќa и добивки до 700.000 денари!
