ЕВН приклучи над 95 проценти од корисниците во поплавените подрачја
ЕВН Македонија досега има вклучено над 13.000 корисници, односно над 95 проценти од вкупниот број корисници во реонот зафатен со поплавите.
Од ЕВН Македонија информираат дека без напојување во моментов се неколку стотици корисници кои се напојуваат од трафостаници кои се под вода и корсниците кои не сакаат да бидат приклучени поради уништената внатрешна инсталација. Екипите остануваат на терен сè додека не се нормализира во целост снабдувањето со електрична енергија.
Во соопштение наведуваат дека замената на броилата во поплавените подрачја и санацијата на мрежата се на товар на ЕВН Македонија и ниту еден корисник од овие региони не платил за оваа услуга.
Посочуваат дека екипите на ЕВН Македонија со сите расположливи капацитети работат на терен за што побрзо да се санираат штетите и да се обезбеди електрична енергија до сите корисници.
- ЕВН Македонија не само што не ги наплатува новите броила, туку во интерес на безбедно и навремено снабдување со електрична енергија нашите екипи ја санираат и внатрешната инсталација на корисниците, повторно без никаков надомест, стои во соопштението.
Од ЕВН сметаат дека споделувањето на непроверени информации заради лични интереси и лично промовирање во услови на елементарна непогода, не му помага никому. - Сега, посочуваат, е време во кое треба сите да работат на санирање на штетите од невремето. Екипите на ЕВН Македонија од почетокот на кризата се во поплавените подрачја и постојано работат на отстранување на дефектите и пуштање под наопон на што поголем број корисници.
Ново на Сител
-
Кумановец чувал елени во штала без одобрение и дозвола - Следува кривична пријава
-
Захарова: НАТО се обидува да ја претвори Молдавија во центар за снабдување на Украина со оружје
-
Сопственикот и архитектот на хотелот во Турција кој се урна во земјотресот осудени на 18 години затвор
-
Во несреќата на азербејџанскиот авион во Казахстан загинаа 38 лица
-
Не застанал на полициско предупредување па удрил во полицаец - Уапсен 48 годишен скопјанец
-
Екипите на ДПИ на терен, се вршат контроли на цените на производите
-
Укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патот Кичево - Гостивар, преку Стража
-
Спасовски: Обраќањето на Сиљановска Давкова не понуди визија за иднината на државата