Фудбал
25. October 2020 - 18:17

Евертон го претрпе првиот пораз оваа сезона

Тимот на Евертон денес загуби од Саутемптон со 2:0 во натпреварот од 6. коло на Премиер лигата.

Головите за домаќините ги постигнаа Џејмс Вард-Проус и Чи Адамс.

Поразот за „карамелите“ е првиот во сезоната 2020/21 од Премиер лигата.

Евертон и покрај поразот е лидер во поредокот со 13 бода.

Саутемптон благодарение на победата се искачи на 5. место, со 10 освоени бодови.