Еве од што починале пронајдените мртви Битолчани
СВР Битола денеска соопшти дека мажот и жената кои беа пронајдени мртви во битолскиот мотел „Пржо“, починале од интоксикација со наркотични средства.
Кај двете лица К.И. (33 г.) и Ѓ.И. (27 г.) и двајцата од Битола, не се пронајдени никакви траги и повреди кои би укажувале за делување на надворешна сила врз телата на починатите на било кој дел од телото, ијзјави портпаролот на СВР-Битола Сања Стаматова.
- Првичните резултатите во координација со доктор од Судска медицина и Јавно обвинителство од завршената обдукција укажуваат дека причина за настанување на смртта кај двете лица е интоксикција со наркотични средства. Наодот го потврдува и пронајдениот материјален доказ од самото место, шприцеви со игли и две боци од метадон, беше соопштено на денешната прес-конференција во СВР-Битола.мт/14:00
Ново на Сител
-
Иницијативата „Кој е следен“ бара реформи во правосудството
-
Тема на денот со Зоран Димитровски, заменик министер за надворешни работи
-
Фатени 188,6 килограми марихуана на ,,Богородица"- Требала да заврши во Турција
-
Владата денеска нема да ги замрзне маржите
-
Партиите со различни ставови за промена на државниот грб, владата се уште нема идејно решение
-
Филипче обвинува за партизација – ВМРО ДПМНЕ му врати дека грижата му е лицемерна
-
Власта го продолжува работниот век на постојните судии до 67 години
-
Македонците не ги интересира политика но не пропуштаат вести