Еве какво време не очекува викендов

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, на повисоките планини од снег. Позначителни врнежи се очекуваат во западните делови на земјата. Ќе дува умерен до засилен ветер од североисточен правец, долж Повардарието повторно ќе се засилува.
Утринската температура ќе се движи од еден до осум, а дневната од девет до 15 степени.
Во Скопје повремено облачно со услови за повремен слаб дожд, особено во попладневните часови. Ќе дува умерен повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе се искачи до 12 степени.
Потоа се очекува извесно стабилизирање на времето. Ќе продолжи да дува умрен до засилен северен ветер, но повеќе ќе биде изразен долж Повардарието и ќе предизвика пад на дневната температура.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Моника Зајкова, лидер на ЛДП
-

Сиљановска: Оставете не да се европеизираме
-

Привршува подготовката на новикот Изборен законик
-

Конечно ќе почне изградбата на втората фаза од автопатот Скопје - Блаце
-

Осветен 20 метарски крст во Таринци - донација од три семејства
-

Пожарите го кренаа револтот во Штип
-

Велосипедистите бараат поврзување помеѓу Охрид и Струга
-

Преглед на вестите од светот
