Еве како жителите на едно локално село ги „заплашуваат„ не совесните возачи
Во селото Хопеман кое се наоѓа во Шкотска, локалните жители ги “заплашуваат“ возачите на свој начин поради тоа што не возат со онаа брзина која е пропишана. Во ова село дозволената брзина е 40 километри на час но повеќето возачи не ја почитувале оваа брзина.
Поради тоа локалните жители се обиделе на друг начин да ги вразумат несовесните возачи.
Тие облекуваат зелено елече и земаат фен за коса и го насочуваат кон возилата.Кога возачите поминуваат во ова село претпоставуваат има сообраќајна контрола па поради тоа ја намалуваат брзината.
Откако оваа информација се проширила низ социјалните мрежи и други граѓани започнале да го применуваат овој метод.
Но информацијата стигнала и до сообраќајната полиција па излегле во пресрет на граѓаните и сега поставиле повеќе контроли на патиштата. „Тоа беше нашата цел. Ги облековме нашите деца и им дадовме фен и стоевме на улица и правевме “контрола“ заедно со децата бидејќи сакаме да покажеме дека најважно за нас е сигурноста на нашите деца“, изјавила Кармен Гилес, која е мајка на три малолетни деца.
Ново на Сител
-
ЛШ: Баерн, Барселона, Ливерпул и Интер со предност пред реванш осминафиналните дуели
-
Во синоќешните инциденти во Атина приведени 30 лица
-
Канада би можела да го користи извозот на гас и нафта како алатка доколку ескалира спорот околу царините со САД, рече министерката за надворешни работи на земјата
-
Холандија вети 3,5 милијарди евра поддршка за Украина за 2026 година
-
СЗО: Замрзнувањето на помошта од САД загрозува милиони животи на заболени од туберкулоза
-
Без струја неколку улици во општините Аеродром, Сарај, Центар и Ѓорче Петров
-
Утрото ведро и постудено, преку денот сончево и топло со мала локална облачност
-
Специјален Самит на ЕУ посветен на Украина и европската одбрана