Живот
18. May 2017 - 11:22

Еве како да натерате некој да се вљуби во вас

Во сите временски епохи љубовната магија предизвикувала најголем интерес помеѓу обичните смртници. 
 
Иако, по сите ефекти, спаѓа во црна магија, со неа во минатото се бавеле многу волшебници, па дури и оние кои се заколнала дека животот ќе му го посветат на Бога.
 
 Во книгата “Ориентална магија” на едно место се објаснува индиската “стрикармани” магија. Станува збор за т.н. “љубовна магија” која ги опфаќа сите познати облици на врски помеѓу маж и жена.
 
-Мажите одат кај оние кои знаат да приготват љубовна магија за да го придобијат срцето на жената по која чезнеат;
 
-девојките кои ја посакуваат љубовта на некој маж нарачуваат амајлии за таа цел;
 
-жените чиј брак е загрозен тајно им се обраќаат на овие познавачи на љубовна магија за да ја вратат љубовта повторно во својот дом;
 
-Прељубниците бараат љубовна формула која би им обезбедила љубовна хармонија во тајната врска...
 
 Стотици разочарани, вљубени, понижени, восхитени, отфрлени... од памтивек бараат магија со која ќе ги постигнат недостижните цели. Еве како според кажувањата го прават тоа.
 
 РИТУАЛ ЗА БУДЕЊЕ НА ЉУБОВ КАЈ ЖЕНАТА
 
 Оваа магија се повторува навечер што е можно повеќе пати во временски период кога младата Месечина од ден на ден станува пополна. Се верува дека речиси секогаш е делотворна:
 
 “Со семоќна стрела на љубовта го прободувам Твоето срце о, жено!
 
Љубовта која немир создава, која преплавува, љубов кон мене!
 
Таа стрела која лета вистински и право, во тебе ќе разгори желба. Нејзиниот врв е сочинет од мојата љубов, а нејзиниот џилит е мојата одлучност да те поседувам!
 
Ете, Твоето срце е прободено. Стрелата ја погоди целта.
 
Со оваа вештина ја совладав Твојата неодлучност, Ти се промени!
 
Дојди при мене покорна, без гордост, како што сум и јас полн со страст и желба! Твојата мајка ќе биде немоќна да го спречи Твоето доаѓање, а ниту Твојот татко не ќе може да те спречи. Ти си целата под моја власта. Јас, само јас, имам власт над срцето и умот на мојата сакана...”
 
 Оваа магична бајалка задолжително ја следи и изработка и мафтање сп стрела која е физички пандан на имагинарната љубовна стрела. 
 
Како и со другите магии од овој вид, ритуалот може да го изведува љубовникот, или волшебникот, односно бајачот кој ја прави оваа љубовна магија.
 
 МАГИЈА ЗА БУДЕЊЕ НА ЉУБОВ КАЈ МАЖОТ
 
Во светот постојат голем број на вакви магии. Во принцип, нив ги следи образец сличен на оној кој го користат девојките и жените. 
 
Веројатно главната разлика е во фактот дека мора да се повторат седум пати, а на жените секогаш им се препорачува своите магиски активности никогаш да не им ги доверуваат на други жени.
 
 “Опседната сум со страсна љубов кон тој човек: оваа љубов доаѓа од Апсарас кој секогаш е победник.
 
Нека тој човек чезнее по мене, нека ме посакува, нега гори од желба за мене! Нека оваа љубов излезе од дух и нека влезе во него.
Нека ме посака како ништо што досега во животот не посакал! Го сакам, го посакувам: тој мора да почувствува дека ме посакува, дека ме сака!
 
О Марусе, нека го исполни љубов; о, Душо на воздухот, исполни го со љубов; О, Агни, нега гори од љубов по мене...!”
 
 Честопати се користи и следнава магична бајалка:
 
 “Со силата и законите на Варун, ја повикувам жестоката сила на љубовта во тебе, за Тебе. Мечта, моќниот дух на љубовта кои сите богови го создадоа во вода, те повикувам и те молам твојата љубов за мене да биде сигурна!”
 
 Потоа се повторува двапати:
 
 “Индрани ја магнетитизираше водата со оваа љубовна сила. И неа ја повикувам по законите на Варуне, да те разгорат...”
 
 А потоа се завршува со следнава реченица:
 
“Ќе ме сакаш со распламтено чезнеење!...”
 
 МАГИЈА ЗА НЕВОЗВРАТЕНА ЉУБОВ
 
И невозвратената љубов е повод за многу љубовни записи, амајлии, талисмани и магиски ритуали. 
 
Во случај кога жената го напушта мажот или засакува некој друг маж, во Индија се користи бајалка која се изведува навечер и се повторува барем 49 пати, всушност, дотогаш додека љубената жена не му се врати на напуштениот маж:
 
 
 
“Му наредив на Небото, Земјата и на се’ да мирува. Го повикувам духот кој има моќ сите работи да ги смири. 
 
Со сите средства преку Агниј, натерај ја да ми се врати! Оваа моќна магија не може да се поништи. На сто илјади начини Ти ќе ми ја вратиш...”
 
МАГИЈА ЗА ПРИДОБИВАЊЕ НА ЖЕНА
 
 
 
Како и кај повеќето други народи, главна грижа на многу мажи во Индија е да ја придобијат девојката.
 
 
 
Земајчи стап од бамбус или оној со седум чворови, бајачот на неовиот врв става метална јадица која симболички ја претставува Индрината јадица. “Клиентот” седнува на земјата пред господарот не проговорувајќи ниеден збор. Бајачот тогаш ја изговара следната бајалка:
 
 
 
“Врз себе ја примам силата, сила на стотина луѓе. Ја земам оваа сила во име на духот кој доаѓа ваму... кој сега доаѓа... кој дојде. О, Индра, дај ми ја таа сила!
 
 
 
Како што Асвинс ја зеде Сурија, детето Савитарово, да му биде невеста, таквата судбина одреди дека тука ќе дојде жената за овој човек! Индра, со таа златна јадица донеси ја тука жената која тој ја сака!...”
 
 
 
 
 
МАГИЈА ЗА МАЖЕЊЕ
 
Иако од непосветените не се очекува да општат ритуали на љубовна магија, во Индија е во оптек голем број на помалку или повеќе правилни верзии на Ведите. 
 
Многу се некомплетни, но сите имаат рецепти за љубовни магии кои ги користат илјадници лаици. Кај жените е особено омилена следната бајалка за стекнување со маж:
 
 
 
 
 
“јас барам маж. Седејчи овде со расплетена коса, јас потсетувам на човек со огромна процесија (поворка) кој бара маж за оваа невеста.
 
О, Арјамане! Оваа жена не може повеќе да издржи да гледа бракови на други жени. Сега, после овој ритуал, други жени ќе дојдат на нејзината свадбена веселба!
 
 
 
Творецот ја држи Земјата, планетите, небото. О, Датаре (Творецу), создади за мене додворувач, создади ми маж!...