Евакуација во Лос Анџелес поради пожарите: На безбедно Шварценегер, Леброн заедно со другите граѓани

На повеќе места во Калифорнија и натаму беснеат пожари заради што во оваа сојузна американска држава е прогласена вонредна состојба, а меѓу десетиците илјади евакуирани се и холивудскиот актер и поранешен гувернер, Арнолд Шварценегер, и кошаркарската ѕвезда од ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс.
Повеќе од милион домови и деловни објекти се останати без струја откако вчераутро изби голем поажр во близина на музејот Гети во Лос Анџелес.
На илјадници лица, од некои од најбогатите квартови во градот, им е наредено да ги напуштат своите домови, меѓу кои се и Шварценегер и Џејмс, кој со семејството бил присилен да се евакуира.
Пожарот во Лос Анџелес брзо се шири и зафати површина од 200 хектари во ридовите околу еден од главните автопати, пренесе Гласот на Америка.
Во него изгореа најмалку пет куќи, а се очекува оваа бројка брзо да нарасне. За среќа засега нема повредени.
Во северниот дел на Калифорнија заради силниот налет на ветрот илјадници пожарникари и натаму не можат да го изгаснат најголемиот пожар во ова подрачје- такарнаречениот Кинкејд пожар, поради што локалните власти наредија евакуација на најмалку 200 илјади лица.
Ново на Сител
-

Вештак на судењето за „Пулс“: Дискотеката имала три влезови и излези, но не за евакуација
-

Ѓорѓиевски: Нов лик, подобри услови и поголема грижа - ЗОО Скопје се менува
-

Приведени осум возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“
-

Маск: На секое дете во Америка ќе му подарам по една акција од SpaceX – подарок вреден 10 милијарди долари
-

Мицкоски: Цените на храната и пијалоците во Македонија се меѓу најниските во регионот, потврди Евростат
-

Заврши петтото издание на „Wine Vision by Open Balkan“: Белград три дена во знакот на виното, ракијата и гастрономијата
-

Дизелот поскапува, бензините поевтинуваат – нови цени на горивата од полноќ
-

Во Албанија продолжуваат протестите, ЕУ бара одговорност
