Евакуација на малолетните мигранти од бегалскиот камп во Кале
Околу 1.500 малолетните мигранти, кои се изолирани и сместени во привремениот центар во Кале, откако тој камп беше отстранет и демонтиран, денеска ќе бидат префрлени во други прифатни центри во внатрешноста на Франција, пред можно заминување на Велика Британија.
Нивната евакуација започна утринава во 8 часот, откако неколку автобуси го напуштија кампот „Џунглата“, која е во фаза на расчистување, упатувајќи се кон шеесет прифатни центри за малолетници без придружба.
Четириесет и три малолетници заминаа со првиот автобус до Каркасон и Богер во Источните Пиренеи, по што уште три други го напуштија кампот упатувајќи се кон Сант Мари де ла Мер на југот на Франција и Алие.
Вкупно 30 автобуси треба да заминат во текот на денешниот ден, а евакуацијата се очекува да заврши утре, соопшти префектурата на Па-де-Кале, која одредува каде ќе бидат префрлени малолетните лица.
Во центрите за прием се нив ќе бидат извршени разговори за нивното барање трансфер во Велика Британија. Операцијата е во соработка со британското Министерство за внатрешни работи, чии претставнци ги придружува малоелтниците за време на нивното патување, .
За време на дислокацијата на мигрантите од „Џунглата“ минатата недела, беа регистриани и околу 1.800 малолетници, од кои досега само 308 им беше овозможено да заминат легално во Велика Британија.
По дислокацијата на малолетниците уште 360 до 400 жени и деца, ќе сотанат во центарот „Жил Фери“, поранешен летен камп што се граничи со „Џунглата“, каде во средината на октомври имаше меѓу 6400 до 8100 мигранти. Според податоците на Владата, 6.000 лица се веќе згрижени во различните центри ширум Франција, со што преостануваат 1.500 малолетници.
Владата сака што побрзо да ја расчисти „Џунглата“, за да се спречи создавање нова дива населба на место кое се наоѓа во близната на британскиот брег.
- Нема да има ново населување на „Џунглата“. Таа е испразнета. Таа ќе биде обезбедна. Никој не ќе може да и пристапи, изјави во вторникот францускиот претседател Франсоа Оланд за весникот „Вуа ди Норд“.
Ново на Сител
-
Крадец влегол во домот на скопјанец и украл парчиња накит, потоа го нападнал и сопственикот
-
Измамен 54-годишен за 730 илјади денари, му кажале дека има 15.000 долари заглавени во банка
-
Тешка сообраќајна несреќа на магистралата Гостивар – Кичево
-
Во Основниот суд во Куманово продолжи рочиштето против кумановскиот градоначалник Димитриевски
-
Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, смета претседателот на МАНУ
-
Ослободен од притвор синот на норвешката принцеза
-
Герасимовски: Нема да бидам дел од раководство на СДСМ, останувам посветен во општината
-
Кос: Очекувам Северна Македонија да го промени Уставот и после тоа навистина да го забрзаме процесот