Свет
7. July 2019 - 13:31

Евакуација на десетици илјади луѓе во Франкфурт - се деактивира бомба тешка 500 килограми

Илјадници луѓе се евакуирани утрово од кварт во Франкфурт во кој се наоѓа седиштето на Европската централна банка, бидејќи германските власти се подготвуваат да деактивираат бомба од Втората светска војна, тешка 500 килограми, пренесе „АП“.

Се наведува дека властите од финансиската престолнина побарале од 16.500 лица да ги напуштат своите домови во Остенд неколку часа пред операцијата, а вчера бил евакуиран локален дом за стари лица.