ЕуроНикел ќе ги тужи Транспаренси Интернешнл – Македонија и Тасева за клевета
ЕуроНикел, подружницата на инвеститорот во кавадаречки ФЕНИ Индустри - ГСОЛ, денеска најави дека ќе поднесе тужба против Транспаренси Интернешнл - Македонија и нејзиниот претседател Слаѓана Тасева, за клевета.
Според компанијата, Транспаренси Интернешнл-Македонија и Тасева, неосновано ги напаѓале Еуроникел и ГСОЛ во однос на стечајната постапка за ФЕНИ.
Како што оценува „Еуроникел“, единствена основа и извор за неиздржани наводи на Тасева и Транспаренси Интернешнл-Македонија се претходните сопственици кои го доведоа ФЕНИ во стечај, а вработените ги оставија неплатени.
- Оттука, поттикнати од целосното отсуство на интерес од ваша страна за причините кои го уништија ФЕНИ Индустри АД, како и за транспарентните обиди за негово заживување, а земајќи го предвид обемот на досегашна инвестиција на ГСОЛ/Еуроникел која преставува една од најголемите еднократни инвестиции во изминатата декада во Република Македонија, како и клеветничката намера и резултатите на вашето однесување, ве информираме дека ќе бидете соочени со тужба за да ги докажете вашите наводи и да ги аргументирате вашите неиздржани заклучоци за инволвираноста на ГСОЛ/Еуроникел во стечајната постапка на ФЕНИ Индустри АД, пред надлежните судови и органи, се вели во писмото од Еуроникел до Тасева и Транспаренси Интернешнл - Македонија.
Целта, дополнуваат, е не само да го заштитиме нашиот углед и репутација и да ја обелодениме мотивацијата за вашите јавни појавувања и реакции во врска со стечајниот процес и иднината на ФЕНИ Индустри, туку и заради искоренување на ризиците по иднината на фабриката, нејзините вработени, засегнатите страни, нашата инвестиција и интересите на македонската економија“.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата