-->
-->
ЕУРО 2016: Велс се пласира во 1/4-финалето (ФОТО)
-->
Репрезентацијата на Велс е вториот патник во 1/4 финалето на ЕП во Франција.
Велшаните со 1:0 ја победија селекцијата на Северна Ирска и обезбедија место меѓу осумте најдобри на првенството.
Клучниот момент на натпреварот кој се играше на „Паркот на принцовите’’ во Париз, се случи во 75-минута кога по уфрлањето на герет Бејл од левата страна, герет МекАули си постигна автогол.
Велс и се приклучи на Полска во четвртфиналето, а кој ќе биде противник на оваа островска селекција ќе дознаеме утревечер откако својот осминафинален меч во Тулиз ќе го одиграат Унгарија и Белгија .
Полска пак уште вечерва ќе го дознае противникот во 1/4 финалето, а тоа ќе биде подобриот од дуелот Хрватска - Португалија кој ќе започне од 21 часот.
Во останатите осминафинални натпревари кои ќе се играат утре и задутре ќе се сретнат:
Недела (26 јуни)
Франција – Р. Ирска (15 часот, Лион)
Германија – Словачка (18 часот, Лил)
Унгарија – Белгија (21 часот, Тулуз)
Понеделник (27 јуни)
Италија – Шпанија (18 часот, Париз)
Англија – Исланд (21 часот, Ница)
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Претседателката Сиљановска-Давкова за утре го свика Советот за безбедност
-

Пезешкијан го осуди американско-израелскиот напад врз иранско основно училиште
-

Нетанјаху: Постојат многу знаци дека врховниот лидер на Иран повеќе не е жив
-

Двајца играчи на КК Партизан „заглавени“ на аеродром во Дубаи
-

Русија и Катар повикуваат на прекин на воените дејствија
-

Иранската Црвена полумесечина соопшти дека повеќе од 200 луѓе загинале во американско-израелските напади
-

Иран го блокира Ормутскиот теснец - стопирани нафтените бродови
-

Меѓународниот аеродром во Кувајт гаѓан со дрон
