Фудбал
26. јуни 2016 - 23:08

ЕУРО 2016: Конечно вистинско лице на Белгија за место во 1/4 финалето

Белгија со убедливи 4-0 ја победи селекцијата на Унгарија и избори пласман во четвртфиналето од Европското првенство.

Белгија одигра уште еден одличен натпревар покажувајќи дека има капацитет да оди далеку на ова Европско првенство.

 
Уште еднаш се виде дека сосема поинаков е натпреварот кога рано ќе се отвори, а за тоа овој пат се погрижи Алдервирелд кој со глава постигна убав гол во 10. минута за водство од Белгија од 1-0.
 
Белгија доминираше на теренот, но и Унгарија се закануваше и можеше лесно да го изедначи резултатот.
 
Водството беше зголемено во 78. минута кога нововлезениот Батшуаи по асистенција од Азар погоди за предност од 2-0.
 
Само две минути подоцна Азар со гол од далечина зголеми на 3-0, а конечните 4-0 ги постави Караско во судиското продолжение.
 
Белгија во четвртфиналето ќе игра против селекцијата на Велс.