Фудбал
18. October 2015 - 13:16

ЕУРО 2016 - бараж: БиХ против Република Ирска

Во седиштето на УЕФА денеска со извлекување беа одредени двојките за баражот за Европското првенство што следната година ќе се игра во Франција (ЕУРО 2016).
 
Во термините 12 и 15.ноември ќе играат: Норвешка и Унгарија, со тоа што прв домаќин е селекцијата на Норвешка. Следниот ден на 13.ноември е дуелот Босна и Херцеговина – Република Ирска, додека реваншо е три дена подоцна (16.ноември).
Натпреварите Украина – Словенија и Шведска – Данска ќе се играат на 14 и 17 ноември, а првите дуели се играат на терените на Украина и на Шведска.
 
Подобрите селекции од четирите двомеча ќе се пласираат на ЕУРО 2016 и ќе ја комплетираат бројката од 24 селекции учеснички.