ЕУЛЕКС е загрижен поради оставката на тројца полицајци од редовите на српската заедница на северот на Косово
Шефот на Мисијата на ЕУ за владеење на правото на Косово (ЕУЛЕКС), Џовани Пјетро Барбано, денеска изјави дека е загрижен поради оставката на тројцата српски полицајци кои неодамна се приклучија на косовската полиција.
„ЕУЛЕКС внимателно го следи развојот на овие настани кои предизвикуваат загриженост. Составот на полициските сили треба да го одразува и претставува општеството на кое му служи и го штити“, напиша Барбано на својот профил на X (Твитер).
Тој додаде дека припадниците на косовската полиција кои доаѓаат од немнозинските заедници можат, со ориентирање на работата на полицијата кон нивната заедница, да придонесат за нејзината безбедност.
„Мисијата (ЕУ) е посветена на поддршката на косовската полиција да развие поефективно, поефикасно, репрезентативно и одговорно спроведување на законот и редот од страна на полицијата“, напиша Барбано.
Ново на Сител
-
Почнува Самитот Македонија 2025 - во фокусот забрзување на економскиот раст, дигитализација и вештачка интелигенција
-
Кошта на турнеја низ Западниот Балкан, в четврток ќе престојува во Скопје
-
Предложен притвор за лицето кое со секира го уби својот татко во кичевско
-
САД, по трговските преговори, велат дека е постигнат „договор“ со Кина
-
Макрон: Неопходен е прекин на огнот за да има средба помеѓу претставници на Русија и Украина
-
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне пороен дожд и грмежи
-
Трамп повика на средба меѓу Украина и Русија во Турција оваа недела
-
ПМФЛ: Вардар го доби Работнички во градското дерби