Еуфоричен почеток на изборната кампања во Охрид- градот подготвен за вечерашниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ
Во еуфорична атмосфера, традиционално беше одбележан почетокот на изборната кампањата пред општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид.
![](/sites/default/files/styles/large/public/article/images/2017/september/slika-2-1.jpg?itok=B3n44hCw)
На собирот свое обраќање имаа кандидатот за градоначалник д-р Митко Тилевски, преседателот на општинскиот комитет и носител на советничката листа д-р Кирил Пецаков како и актуелниот градоначалник на Охрид д-р Никола Бакрачески.
“Чуството да се биде овде и да се зборува пред вас ми претставува огромна чест и особено задоволство, но верувајте и одговорност. Пред сите вас стојам со чист образ и достоинство, без ниту една дамка врз мојот приватен или професионален живот, а ветувам така и ќе остане. Токму сега, на полноќ, ни се отвораат вратите кон нови предизвици, нови реализации, нови проекти, нови работни места… За неколку часа почнуваме да го трасираме патот до уште една, уште поголема победа, за Охрид, за охриѓани, за Република Македонија. Уште од утринава започнуваме со работа, која ќе триумфира на 15 октомври“ додаде д-р Митко Тилевски.
Ново на Сител
-
Тема на денот за придобивките од членството во НАТО
-
Едно лице задржано во полиција по убиството во Тетово
-
Почна посетата на Вашингтон на владината делегација предводена од Мицкоски
-
Фрчковски повикан на консултации во МНР
-
Симовски: Бројките од пописот во Албанија се резултат на интензивна бугарска пропаганда
-
Засилени полициски контроли на најфреквентните места
-
Фестивалски викенд во Кратово „Златни денови 2024”
-
Аутдор фестивал „When in Krusevo“ по 8-ми пат