ЕУ: Властите во БиХ треба да обезбедат одржување на изборите во согласност со европските стандарди

Делегацијата на ЕУ во БиХ денеска соопшти дека властите на Босна и Херцеговина треба да обезбедат локалните избори да се спроведат во согласност со европските стандарди, како приоритет во исполнувањето на 14 клучни обврски од Мислењето на Европската комисија по барањето на земјата за членство во Унијата.
– Очекуваме локалните избори годинава да се одржат непречено, вклучувајќи го и Мостар, како и подобрувања на демократските процеси и изборните стандарди, соопшти Делегацијата на ЕУ во БиХ.
Во изјавата се вели дека шефот на Делегацијата на ЕУ во БиХ, Јохан Сатлер и шефовите на мисиите на ЕУ во БиХ денеска разговарале за ова со членовите на Претседателството на БиХ.
– ЕУ и понатаму истакнува дека на БиХ и се потребни конкретни економски реформи за да ја направи економијата поподготвена за Европа. Ние сме подготвени да ги поддржиме властите на БиХ во сите реформи што ги преземаат за да ја унапредат модернизацијата на земјата и нејзината способност да ги преземе обврските за членство во ЕУ, се додава во документот.
Делегацијата на ЕУ во БиХ исто така нагласи дека пред мајскиот самит ЕУ-Западен Балкан во Загреб, властите на БиХ треба да ја искористат можноста и да ја покажат својата подготвеност да „го подобрат животот на граѓаните и да направат вистински напори за помирување и надминување на наследството од минатото, како неизбежен дел од процесот на пристапување во ЕУ.
– Успехот во овој потфат е важен и за Босна и Херцеговина и за цела Европа, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-

Димитриевски: Со Бугарија ќе разговараме, но од македонскиот идентитет не отстапуваме
-

Русија одговори на заканите на Зеленски: Ќе напаѓаме уште посилно во Киев и другите градови
-

Зеленски: Украина е подготвена за технички преговори со САД и Русија
-

Татко и син убиени во лов во Норвешка, напаѓачот уапсен
-

Мерц го повика Путин да ја прекине „бесмислената војна“ против Украина
-

Клековски: Ќе се преиспитува скрининг-програмата за рак на дојка
-

Пожар во стан во Скопје, поради вдишување чад еден пожарникар бил пренесен во болница
-

Во текот на изминатото деноноќие приведени 12 возачи, деветмина управувале возило без положен возачки испит
