ЕУ викендов нема да разговара за Брегзит

Европската унија го отфрли барањето на Велика Британија за разговори за Брегзит викендов, објавија денеска британските медиуми.
Европската комисија соопшти дека новата понуда на британскиот премиер Борис Џонсон не дава основа за финализирање на договорот за излез на Велика Британија од ЕУ, објави „Скај њуз“.
Разговорите за планот на Џонсон за прашањето за ирската граница нема да се одржат овој викенд, потврди портпаролката на ЕК, Наташа Берто за Скај.
Таа додаде дека на Велика Британија во понеделник ќе и биде дадена „втора шанса детално да ги презентира своите предлози“.
– Ако имавме разговори во текот на викендов, тоа би изгледало како да станува збор за вистински преговори, а ние сме далеку од тоа, изјави европски дипломат за „Тајмс“.
Борис Џонсон повтори дека нема да бара одложување на Брегзит.
– Нов договор или без договор – но нема одложување, напиша Џонсон на Твитер.
Сепак, неговата Влада за првпат вчера призна дека Џонсон ќе испрати писмо до ЕУ во кое ќе побара одложување на Брегзит доколку не се постигне договор до 19 октомври.
Ново на Сител
-

Почна божикниот пост, 40 дена духовна подготовка за Христовото раѓање
-

Облачно и врнежливо време, на планините снег
-

Сиљановска-Давкова: Проширувањето на ЕУ е безбедносен императив, јасна е поддршката на Словенија и Хрватска
-

Блокиран патот Охрид - Скопје кај Ботун: Паднало дрво, автомобил излетал од патот, едно лице е повредено
-

И кравите ќе завршат во затвор: Одземениот добиток од Крива Паланка ќе биде сместен во КПД Идризово и Прилеп
-

Парното од 1 декември поскапо за 7,56 отсто
-

Кривична за Кумановец кој го полил семејниот дом со запалива течност и се заканувал дека ќе ја запали ќерката
-

Во изминатото деноноќие приведени осум возачи, седуммина управувале возило без положен возачки испит
