ЕУ се огласи за протестите во Иран
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини изрази жалење за човечките жртви при протестите во Иран и побара од властите во Техеран да им го овозможат на демонстрантите правото на протест.
- Европската унија одблизу ги следи демонстрациите во Иран, зголеменото насилство и неприфатливото губење човечки животи. За ЕУ, човечките права се суштинско прашање во нашите односи со Иран. Мирните протести и слободата на изразување се основни права кои важат за секоја држава, и Иран не е исклучок, пишува во соопштението на Могерини, која беше критикувана во медиумите поради бавната реакција на протестите, особено во споредба со реакциите од САД кои побараа седница на Советот за безбедност на Обединетите нации во врска со протестите.
Во соопштението од кабинетот на Могерини се вели дека ЕУ е во контакт со иранските власти и ги повикува сите страни да се воздржат од насилство и да го почитуваат правото на слободно изразување
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата