ЕУ повикува на смирување на тензиите на Блискиот Исток

Европската Унија ги повикува сите засегнати страни во регионот на максимална воздржаност и почитување на меѓународното право.
Апелот на Европската Унија доаѓа по инцидентот со израелскиот дрон кој се урна во јужниот дел на Бејрут, бастион на шиитското либанско воено движење, Хезболах, кое Израел го смета за терористичка група.
Дронот кој се урна во Бејрут бил вооружен, а либанскиот претседател, Мишел Аун, порача дека овој чин го смета за “изјава за војна“ од страна на Израел и дека неговата земја си зема право да се одбрани ако биде потребно.
Израел од своја страна не ги коментира обвинувањата на официјален Бејрут и на Хезболах за дронот, но оваа последна ескалација предизвика загриженост во ЕУ.
– Одговорност на сите страни во регионот е максимално да се воздржат, да го почитуваат меѓунаордното право и да избегнат натамошна ескалација на потенцијално опасна и деликатна ситуација, стои во соопштението на Европската служба за надворешна акција.
Европската Унија ги повика сите страни да се држат до релевантни резолуции на Обединетите Нации.
– ЕУ продолжува да ја поддржува стабилноста, безбедноста и суверенитетот на Либан и е во блиска координација со нашите меѓународни партнери во оваа цел. На крајот, не може да има унилатерално или воено решение за проблемите на Блискиот Исток, порачува ЕУ.
Ново на Сител
-

Тошковски: Се уште се непознати мотивите за палење на автомобилите на бугарската амбасада
-

СДСМ: Бесплатно образование, модерни вештини, повеќе шанси за младите
-

60 матуранти фатени како препишуваат
-

Народната банка благо ја затегна монетарната политика и ги зголеми каматите за 0,25 процентни поени
-

Од идната недела стартуваат мерките на Оперативниот план тежок 40 милиони евра
-

Се удави 20 годишно момче во Охридското Езеро
-

Поштата во Струмица доби шест нови возила
-

Земјоделски експерти - битката за здрава храна почнува од нивата
