ЕУ повикува на депортација на илегалните мигранти
Европската Унија ги повика земјите-членки да депортираат повеќе мигранти кои илегално ги преминуваат нејзините граници и кои немаат право да останат.
-Минатата година стапката на враќање на лицата кои немаа право на престој беше само 21 процент. Неуспехот да се вратат луѓето го успорува нашиот систем и ја поткопува довербата во него, рече комесарката за внатрешни работи на ЕУ Илва Јохансон.
Таа додаде дека минатата година во земјите на ЕУ биле донесени 340.000 решенија за депортација, но дека во само 60 отсто од случаите европските власти се обиделе да стапат во контакт со матичните земји на мигрантите за да ги вратат.
-За да го заштитиме правото на барање азил, мораме да покажеме дека на соодветен начин постапуваме со оние кои не ги исполнуваат условите да уживаат меѓународна заштита. Ни треба миграција, но таа мора да се одвива легално и уредно, рече таа.
Пристигнувањето на повеќе од милион мигранти во 2015 година, главно оние кои бегаа од војната во Сирија или Ирак, предизвика една од најголемите политички кризи во ЕУ.
Јохансон рече дека агенцијата за гранична и крајбрежна стража на ЕУ е „опремена“ да организира летови за депортација и ги повика државите на ЕУ да го искористат тоа.
Ново на Сител
-
Економијата тоне
-
Членовите на Судски не чувствуваат одговорност во пресрет на интерпелацијата
-
Сончогледот повторно се враќа на македонските полиња
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски очекува од Советот на јавни обвинители при одлучување за Коцевски да го слушнат гласот на граѓаните
-
Мицкоски очекува од Советот на јавни обвинители при одлучувањето за Коцевски да го слушнат гласот на граѓаните
-
Тема на денот со Методи Хаџи Јанев, воено политички експерт
-
Мицкоски: Ние сме усогласени со надворешната политика на ЕУ