ЕУ: Подготвуваме вонредни планови за балканскиот коридор
Портпаролката на Европската комисија, Мина Андреева денеска изјави дека ЕУ моментно работи на подготвка на вонредни планови за Грција и другите земји од балканскиот коридор, со цел да се избегне хуманитарна криза.
Според Андреева, изработката на вонредниот план за бегалскиот проблем во Грција ја побарал претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер за време на средбата со грчкиот премиер Алексис Ципрас во Брисел на 17 февруари.
Таа нагласи дека Грција во соработка со ЕК го завршила извештајот кој се однесува за потребите на бегалците.
- ЕК внимателно ја следи ситуацијата и подготвува вонредни планови за помош на Грција и другите земји од т.н. балкански коридор, проучувајќи ги моментните и идните потреби поврзани за прием бегалците, финансисрањето, како и материјална помош, истакна Андрејева.
Ново на Сител
-
За повисок економски раст треба повеќе да се штеди, помалку да се троши
-
Зајкова бара укинување на банкарските провизии
-
Таравари и Мемеди на една страна, ДСЗИ на друга за надзорите на Детска
-
Свечена седница во Влада по повод Денот на албанската азбука
-
Меџити: Уставен суд се претвори во змеј, сите фрлаат со стрели и оган кон оваа институција
-
Борба против корупција
-
Левица поднесе интерпелација за претседателката на Комисијата за труд и социјална политика Илире Даути
-
Зајкова поднесе закон за укинување и намалување на дел од банкарските провизии