ЕУ одобри воена акција против шверцерите на луѓе на Средоземното Море
Членките на ЕУ денеска усвоија план за преземање воена акција против трговците на луѓе на Средоземното Море, што подразбира заплена и уништување на бродови со цел да се разбие мрежата на шверцери во Либија, пренесува Танјуг, повикувајќи се на француски медиуми.
ЕУ ја почна првата фаза на собирање разузнавачки податоци во рамки на операцијата NavForMed уште во јули, но сега ќе има дозвола и да ги запира и доколку е потребно да ги уништува бродовите со кои илјадниците мигранти ги ризикуваат животите за да стасаат до Европа.
- Исполнети се условите за покренување нова воена фаза, изјавил неименуван еврпски дипломат.
Одлуката е донесена во момент кога министрите за внатрешни работи од ЕУ треба да се сретнат во Брисел за да се обидат да договорат квоти за прераспределба на огромниот прилив бегалци кои бегаат од војната.
Голем број членки на ЕУ не беа подготвени да преземат посилна акција против трговците со луѓе, стравувајќи дека ќе се вовлечат во судири во Либија каде од смената на Муамер Гадафи во 2011 година ривалските фракции се борат над контрола на земјата, пренесува Танјуг.
Сепак, лидерите од ЕУ се согласиле дека е потребен многу посилен одговор, вклучувајќи и употреба на сила, после несреќата во април кога крај брегот на Италија се удавија повеќе од 700 мигранти.
Втората фаза на операцијата NavForMed се уште е ограничена на акции во меѓународните води, додека третата фаза ја вклучува воена акција против шверцерите и во територијалните води на Либија со цел нивните бродови и мрежи да се уништат уште пред да испловат. Тој чекор ќе бара најмалку резолуција од Советот за безбедност на ОН а би било пожелно и одобрување и од либијската Влада.
Ново на Сител
-
Скопје се буди, ВМРО- ДПМНЕ чествува 80 години од 13 ноември
-
Тема на денот со Моника Зајкова, лидерка на ЛДП
-
Прва регионална бекутан конференција во Скопје: „Родителството некогаш и денес“
-
Прекината седницата за надзор на тајните служби – Реџепи не ги прифаќа барањата на мнозинството
-
Ахмети: Плоштадите ќе бидат полни ако Уставен го допре јазикот
-
Сиљановска отповика седум амбасадори, за назначување нови нема ниту почната постапка
-
Хајрулахи: Кривичната и оддалечувањето од работното место не се поради мобинг
-
Таравари формираше комисија за стручен надзор за смртта на 5 годишното девојче кое почина на детска