-->
-->
ЕУ очекува брзо формирање нова влада на Македонија
-->

Откако претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска му го предаде мандатот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски за составување нова влада, Европската унија излезе со повторен став дека очекува „брзо формирање на нова влада“, јави дописникот на МИА од Брисел. Портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич го повтори ставот на неформалната Влада на ЕУ, даден уште ден по македонските парламентарни избори што се одржаа на 11 декември.
- Во оваа фаза, единствено што можам да кажам е дека ние одблиску ја следиме ситуацијата. Како што рековме во минатото, ние, во рамки на уставните рокови, очекуваме брзо формирање на нова стабилна влада. Ние, исто така, сакаме да видиме итна имплементација на реформите, решавање на прашањата за системското владеење на правото, исто и преку итните реформски приоритети и преку продолжена имплементација на претходните политички договори. Во овој контекст, ние ќе продолжиме да ја поддржуваме земјата на нејзиниот европски интеграциски процес. Тоа е се што можам да кажам во моментов, потенцираше Коцијанчич.
Овој став за изборите во Македонија претходно го искажаа и Федерика Могерини и Јоханес Хан, потпретседателката и комесарот на Еврокомисијата, кои исто така побараа „идната опозиција да игра конструктивна и активна улога во македонскиот Парламент“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Вучиќ: Специјалниот суд за Косово сакаше да го зачува кредибилитетот на ОВК
-

Централно-левичарска опозиција победи на изборите во Шведска
-

Русија бара меѓународен договор за забрана на офанзивно оружје во вселената
-

ЦУК: Активни два пожари на отворен простор, осум изгаснати во текот на денот
-

Курти: Пресудата за водачите на ОВК е неприфатлива неправда
-

Мицкоски во Вашингтон на средба со конгресмените Клаудиа Тени и Кит Селф, разговарано за значењето на стратешкото партнерство со САД
-

Македонските одбојкари со триумф над Израел
-

Се предлага зголемување на помошта за новороденчиња: 18.450 денари за прво, 36.900 за второ и 52.275 денари за трето дете
