ЕУ: Нема да дозволиме Лондон да го користи само она што му одговара

Преговарачот од Европскиот Парламент за Брегзит, поранешниот белгиски премиер Ги Верхофстад изјави дека ЕУ нема да дозволи британската премиерска Тереза Меј да ги користи само оние погодности од членството во Унијата, што Велика Британија би сакала да ги задржи затоа што и одговараат.
- Нам ни е потребно фер и чесно партнерство. Британија не може да си обезбеди статус на земја надвор од ЕУ, кој би бил поповолен од оној што го имаат земјите членки, изјави Верхофстад за Би-Би-Си, порачувајќи дека со тоа не би се согласил ниту еден европски даночен обврзник.
Верхофстад важи за силен приврзаник на ЕУ и на идејата за поцврсти врски во Унијата, па како чест критичар и на досегашната британска позиција во блокот, се очекува да биде „најтврдиот“ член на преговарачката екипа на Брисел, кога ќе почнат преговорите за Брегзит.
- Сепак, ЕУ би требало да биде великодушна во овој процес, не само кон Британија како доскорешна членка, туку посебно кон оние во земјата кои на референдумот гласаа за останување во Унијата, смета Верхофстад.
Според овој припадник на либералниот блок во Европскиот Парламент, некои од погодностите можеби би требало да им се дадат на овие луѓе.
На референдумот од 23 јуни минатата година мнозинството Британци гласаа за напуштање на ЕУ, но над 16 милиони лица се определија против Брегзит.
Најголем број од гласачите во Шкотска и голем мнозинство од Северноирците беа за останување во ЕУ, како и најголемиот број од осумте милиони жители на Лондон.
Владата во Шкотска и нејзиниот прв министер Никола Старџен , веднаш по референдумот побара покраината да добие посебен статус во ЕУ.
Посебен статус во рамките на Обединетото Кралство бара и лидерот на сеирската партија Шин Феин, Џери Адамс, а владите во Единбург и Кардиф се појавија се барање Шкотска и Велс да имаат врски со единствениот пазар на ЕУ и по целосното британско повлекување од Унијата.
Ново на Сител
-

Почина проф. д-р Катерина Мирчевска
-

Трамп и Нетанјаху договорија состанок „во блиска иднина“
-

Министерот Ристовски ја пречека Ѓорческа по историскиот настап на Вимблдон
-

Кривична против осум инспектори поради несовесно работење со дискотеката „Пулс“
-

Пожарот кај Пробиштип сè уште активен, сите сили насочени кон Ратавица
-

Мерц возврати откако Трамп ги нарече „смешни“ одбранбените буџети на НАТО
-

МВР: Кривична пријава против три лица од Скопје за „насилство врз дете“ за нападот врз 14-годишник
-

Со возило ја урнал портата од домот на родителите на сопругата, скршил прозорец, па ја нападнал
