ЕУ не ги прифаќа новите царини на Трамп, бара од Вашингтон да го почитува трговскиот договор

Европската комисија денеска ги повика Соединетите Американски Држави да ги почитуваат условите од трговскиот договор склучен меѓу двете страни минатата година, откако Врховниот суд на САД ги поништи т.н. реципрочни царини на Доналд Трамп, што го натера да објави нови глобални тарифи од 15 проценти.
Европската комисија го повика Вашингтон да биде „јасен“ во врска со мерките што се подготвува да ги преземе по пресудата на највисокиот американски суд.
Незадоволен од одлуката на Врховниот суд, Трамп воведе глобална тарифа, првично од 10 проценти за сите увезени стоки, која потоа ја зголеми на 15 проценти, дополнително на веќе постојните царини.
– Сегашната ситуација не е погодна за воспоставување „фер, избалансирана и меѓусебно корисна“ трансатлантска трговија и инвестиции, како што е договорено од двете страни, се вели во соопштението на Европската комисија.
Трговскиот договор меѓу Брисел и Вашингтон постигнат во јули предвидува американски царини од 15% за повеќето стоки од ЕУ, вклучувајќи фармацевтски производи, полупроводници и автомобилски производи. Стапката од 15% е максимален праг и не е дополнителна на постојните царини, како што предвидува новата одлука на Трамп.
МИА
Ново на Сител
-

Експерти: Mакедонија доби класични бирократски пораки со умерена реторика од Брисел
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

РKE размислува за повеќе евтина струја преку ден и за викенд, нов модел подготвува и за гасот
-

Секој жител во земјава годишно фрла по 86 килограми храна
-

Преглед на вестите од светот
-

Фон дер Лајен во Скопје со совет за деблокада на процесот со Бугарија
-

СДСМ смета дека се потврдиле стравувањата
-

Судот му одреди 30 дневен притвор на Дејан Јованов за новата истрага за поткуп
