ЕУ намени 17 милиони евра за Македонија и Бугарија за прекугранична соработка
Македонија и Бугарија имаат на располагање 17 милиони евра од фондовите на ЕУ во рамки на новата ИПА-Програма за прекугранична соработка за справување со заеднички предизвици.
Средствата од Програмата, што беше усвоена вчера од ЕК, се наменети за мерки за справување со влијанието на климатските промени, како и за прашања коишто се однесуваат на заштита на природата и биодиверзитетот, одржливо користење на природните ресурси, заштита на животната средина и менаџирање со ризици на прекугранично ниво.
Како што се наведува во соопштението од ЕУ, клучниот фокус на Програмата е исто така ставен и на заштита на локалитети означени како природно и културно наследство во регионот. Финансирањето ќе помогне и за зајакнување на конкурентноста на малите и средните претпријатија и ќе го олесни нивниот пристап до нови пазари.
- Програмите за прекугранична соработка зависат од силната волја на земјите-учеснички заедно да искористат ресурси за справување со заеднички предизвици. Преку соработка во областа на животната средина, туризмот и конкурентноста на малите и средните претпријатија регионот ќе може да ја зголеми својата атрактивност за привлекување туристи и инвеститори. Им посакувам на двете земји успех во востановување на соработката, како и во поддршката на проекти кои ќе ги нагласат силните страни на регионот, изјави Корина Крету, комесар за регионални политики.
Со ИПА-Програмата за прекугранична соработка ќе бидат опфатени два погранични региона во Бугарија – Благоевград и Ќустендил, и три региона во Македонија – североисточниот, југоисточниот и источниот регион. Приоритети на програмата се: животна средина, одржлив туризам и конкурентност.
Вкупниот буџет за Програмата изнесува 19,46 милиони евра, од кои околу 17 милиони евра (16,54) се од Инструментот за претпристапна помош.
Инструментот за претпристапна помош дава финансиска и техничка помош за поддршка на реформите во земјите-аспиранти за членство во ЕУ со што се надградуваат капацитетите на овие земји и се овозможува развој на регионот. За периодот 2014-2020 ИПА-инструментот има буџет од околу 4,84 милијарди евра кои ќе бидат инвестирани во 12 програми за прекугранична соработка меѓу региони, како и територијални, општествени и економски партнери.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп