ЕУ ќе одвои 76 милиони евра за Косово за борба против аерозагадувањето

Високиот претставник за надворешната политика на ЕУ, Јосеп Борел, во Косово денеска ќе го инаугурира новиот европски проект за термоелектраната “Косово Б“ за борба против загадувањето на воздухот, соопшти Европската Комисија.
Одвоени се 76,4 милиони евра преку претпристапните фондови на ЕУ (ИПА) за да се обезбедат филтри за термоелектраната “Косово Б“. Со овој проект се очекува значително намалување на штетните емисии и усогласување со стандардите на ЕУ.
-Загадувањето на воздухот е еден од најголемите проблеми на животната средина на западниот Балкан, вклучително и Косово. Со оваа инвестиција ЕУ дава конкретен придонес за подобрување на животната средина на Косово како и на здравјето и благосостојбата на граѓаните. Европскиот зелен пакт е за сите нас во Европа, вклучително и Косово, се огласи Борел преку писмена изјава и ги повика косовските власти да ги усогласат своите политики со европските климатски амбиции.
Европскиот зелен пакт е најголемиот приоритет на Европската Комисија во новиот мандат. Целта е да се намалат штетните емисии на гасови и да се подобрат стандардите за животната средина преку подобрување на енергетска ефикасност и употребата на обновливите ресурси.
Термоелектраната Косово Б значително ги надминува дозволените прагови на штетни емисии на ЕУ. Со новите филтри се очекува да се намали емисијата на прашина за 35 пати, а емисиите на нитроген оксид – четири пати, и со тоа да се исполнат стандардите на ЕУ.
Ново на Сител
-

Со распит на градежните вештаци продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
-

Трамп размислува за ограничени напади врз Иран
-

Полицијата во Њујорк застрела жена која претходно со ножеви нападнала две лица на „Тајмс сквер“
-

Русинот осомничен за тројно убиство во Црна Гора по кратка престрелка со полицијата се самоуби
-

Сончево и топло, температура до 37 Целзиусови степени
-

Песков: Москва и понатаму очекува разговори со Зеленски
-

Пентагон потпиша седумгодишни договори со производители на оружје
-

ПМФЛ: По бод за Тиквеш и Вардар
