ЕУ ја поздрави одлуката на сите партии во Албанија за учество на изборите

Европската унија денеска ја поздрави одлуката на сите политички партии во Албанија да учествуваат на парламентарните избори што се закажани на 25 јуни.
Во заедничко соопштение високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ Федерика Могерини и комесарот за проширување Јоханес Хан упатија честитки за постигнатиот договор, што, според нив, ќе обезбеди учество на сите партии на претстојните парламентарни избори.
- Политичките лидери со оваа одлука одговорија на очекувањата на нивните граѓани и покажаа демократска зрелост. Ова е првиот клучен чекор. Сега претстои примена на договореното и организација на изборите во согласност со меѓународните стандарди, порчаа Могерини и Хан во Брисел.
Шефицата на дипломатијата на ЕУ и еврокомесарот ја нагласија важноста на имплементацијата на договорот за основањето на надзорни тела во Албанија, потенцирајќи дека веродостојниот процес на проверка е клучен за напредок на земјата кон членството во ЕУ.
Хан минатата недела упати порака до граѓаните во Албанија во која со жалење и загриженост констатираше дека опозицијата одлучила да ги бојкотира претстојните избори во земјата.
Хан во таа прилика предупреди дека станува збор за поткопување на демократските стандарди и ги повика граѓаните на Албанија од нивните партии да побараат демократска зрелост што е очекувана од земја што сака членство во Унијата.
Тој апелираше до сите релевантни албански институции да обезбедат целосна соработка и транспарентност со европските така и со меѓународните набљудувачим со цел веродостојно и врз основа на меѓународните стандарди да бидат оценети претстојните парламентарни избори во Албанија.
Ново на Сител
-

ПС на Советот на Европа го затвори пост-мониторинг дијалогот со Северна Македонија – важно институционално признание за напредокот на државата
-

Хоман нареди подготовки за повлекување на агентите од Минесота
-

Трамп вели дека Путин се согласил Русија да не ја напаѓа Украина една недела
-

Андоновски: Значително зголемен бројот на услуги во Центрите за услуги, најавени и е-Киосци
-

Герасимовски: Паричната помош за новороденче во Центар се зголемува од 7 000 на 10 000 денари
-

Израел врати 15 палестински тела, подготвувајќи ја следната фаза од мировниот план
-

Николоски за изградените два километри од автопатот Скопје-Блаце кои завршуваат во провалија: Очекувам новиот обвинител да отвори истрага
-

Нов закон во Русија: Доброволна самозабрана за игри на среќа како заштита од зависност
