ЕУ ја потврдува посветеноста на европерспективата на Западниот Балкан, пред Македонија остануваат уставните измени
Европската Унија вчера на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел ја потврди својата целосна и недвосмислена посветеност на перспективата за членство на земјите од регионот во Унијата и повика на забрзување на процесот на пристапување базиран на веродостојни реформи од нивна страна, фер и ригорозни услови и врз принципот на индивидуални заслуги.
Премиерот Димитар Ковачевски кој ја преставуваше земјава на собирот порача дека предлог заклучоците доставени од Советот за општи работи на ЕУ до лидерите на земјите членки на Унијата во пресрет на денешниот Самит се многу јасни во однос на нашата единствена обврска што треба да ја завршиме пред продолжувањето на европскиот пат.
- Ние секако ќе продолжиме со реформите, а процесот на уставните измени е процес којшто ќе продолжи, којшто е неминовен и којшто на крајот ќе резултира со успешно завршување на тој процес, успешно завршување на преговорите и да станеме земја членка на ЕУ, порача Ковачевски при пристигнувањето на Самитот.
Тој посочи дека по успешно завршениот скрининг процес, што е признато и од ЕУ, мора да продолжи дискусијата, амандманите на Уставот ќе бидат донесени и веднаш ќе биде одржана втората меѓувладина конференција со што ќе продолжи пристапниот процес, кој неминовно ќе заврши со влез на земјава во Унијата.
- Сега се зависи од нас. Да имаа сите политички актери во нашата држава позиција како што има владејачката коалиција, денес ќе беше и подруга ситуација. Ние ќе зборувавме за отворање на поглавјата и кластерите, додаде Ковачевски.
Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел порача дека на Самитот ЕУ-Западен Балкан е споделена заедничката посветеност на заложбата за доближување на Западниот Балкан до ЕУ, преку јасно утврдени патокази за спроведување на реформи и зајакнување на владеењето на правото.
- Проширувањето е процес базиран на заслуги, но при тоа мораме да ја имаме предвид специфичната состојба во која се наоѓа Европа, истакна Мишел.
Според него, овој Самит ја потврдува цврстата посветеност на Унијата да ги види земјите од регионот како свои членки, но во исто време очекува од нив да го забрзаат процесот на реформи.
Лидерите на Европската унија денеска се заложија за „задржување на строгите ограничувања“ и забрзување на вакцинацијата против коронавирусот поради разните мутации на вирусот.
- Очекуваме повеќе реформи од земјите од регионот на Западен Балкан, особено на полето на владеењето на правото и независноста на судството. И нашата страна ќе го направи својот дел, затоа започнавме стратешка дебата на ниво на лидери за да идентификуваме што треба да направиме, рече Мишел, додавајќи дека сака да види повеќе инвестиции и економски развој за што поскоро да се видат позитивните ефекти од интеграцијата.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен порача дека Европската комисија сака отворање на преговорите со Северна Македонија и Албанија по првиот кластер – Основи што е можно поскоро, како и почеток на преговорите со Босна и Херцеговина кога ќе ги исполни поставените критериуми за тоа. Во однос на Црна Гора, според неа, има нов моментум со нова Влада која се враќа на европскиот пат, додека за Србија и Косово останува да ја покажат нивната посветеност на дијалогот и имплементација на досега договореното.
Сепак, според Фон дер Лајен, проширувањето е само едниот дел од напорите на ЕУ, а другиот дел се однесува на поддршка на економиите на земјите од Западниот Балкан, кои се на ниво од 35 проценти од просекот на Унијата и токму за нивното зајакнување Европската комисија го промовираше Планот за раст.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен ќе го претстави денеска официјалниот предлог за план за европско економско закрепнување од последиците на пандемијата со новиот ко
- Планот за раст има потенцијал да доведе до двојно зголемување на економиите во регионот за една деценија, потенцира Фон дер Лајен.
Високиот претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жосеп Борел порача дека живееме во тешко, предизвикувачко и опасно опкружување кое влијае врз ЕУ, врз нејзиното соседство и врз Западниот Балкан, па затоа процесот на проширување мора да се забрза.
- Тоа е нашата најважна безбедносна гаранција и нашиот најважен начин да станеме партнери, истакна Борел.
Тој најави дека еден од резултатите на Самит ЕУ-Западен Балкан ќе биде најавата дека ќе ЕУ ќе обезбеди дополнителни речиси два милиони евра со цел да ја зајакне отпорноста на Северна Македонија, Албанија и Црна Гора.
- Во текот на оваа година многу патував во регионот. Го одржавме Советот за асоцијација во Албанија и Северна Македонија. И ние мора да продолжиме да се ангажираме повеќе со нив, особено на зголемување на отпорноста на кибер напади и новите форми на војување, рече Борел.
Секоја провокација или агресија против Украина би имала сериозни последици, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел, во пораката испратена д
Според него, од надворешнополитички аспект ЕУ мора да ги поддржи оние земји од Западниот Балкан кои се поусогласени со заедничката надворешна и безбедносна политика, бидејќи од тоа зависи нивната отпорност на безбедносните предизвици.
- Работите се движат - полека, но се движат. И ние мораме да ги туркаме да продолжат по овој пат, бидејќи тоа е единствениот начин тие да имаат јасна европска перспектива, порача Борел.
Во Завршната декларација од Самитот ЕУ-Западен Балкан се посочува дека проширувањето е геостратешка инвестиција во мирот, безбедноста, стабилноста и просперитетот.
- ЕУ ја поздравува решеноста на партнерите од Западен Балкан да ги почитуваат и да се заложат за основните европски вредности и принципи. ЕУ, исто така, ја поздравува повторената посветеност на партнерите од Западен Балкан за приматот на демократијата, основните права и вредности и владеењето на правото, се додава во декларацијата, при што се нагласува потребата од одржливи и неповратни реформски достигнувања за владеењето на правото, функционирањето на демократските институции, економијата и реформите на јавната администрација.
Хрватското претседателство на Советот на Европската унија донесе одлука да ги одложи сите неформални состаноци и конференции до 15 мај, но и Самитот ЕУ-Западен Балкан, за да се ограничи ширењ
ЕУ ги повикува земјите од регионот да постигнат брз и одржлив напредок кон целосно усогласување со нејзината заедничката надворешна и безбедносна политика.
- Ги пофалуваме оние партнери од Западен Балкан кои веќе ја демонстрираат својата стратешка определба со целосно усогласување со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ и ги охрабруваме оние кои сè уште не го сториле тоа да го следат примерот. Го охрабруваме и подобрувањето на спроведувањето на рестриктивните мерки и спречувањето на нивно заобиколување, се додава во Декларацијата.
Натаму во документот се потенцира дека ЕУ останува најблискиот партнер на регионот, главен инвеститор и трговски партнер и главен донатор, при што се додава дека таа поддршка треба да биде повидлива за да можат граѓаните да ги ценат конкретните придобивки од партнерството со ЕУ.
Интеграцијата на земјите од Западниот Балкан во ЕУ е стратегиска цел не само за нив туку и за целата Унија, што се гледа и сега во контекст на конфликтот межу Русија и Украина. Нему треба да
- ЕУ ја нагласува потребата за посветеност на партнерите од Западен Балкан за инклузивна регионална соработка и зајакнување на добрососедските односи, вклучително и со земјите-членки на ЕУ. Во овој контекст, ЕУ ја нагласува важноста од постигнување дефинитивни и трајни решенија за билатералните спорови и прашања на партнерите вкоренети во наследството од минатото. ЕУ исто така ги повикува партнерите да ги гарантираат правата и еднаков третман на лицата кои припаѓаат на малцинствата, се наведува во Декларацијата.
Во документот се истакнува и посветеноста на доближување на земјите од регионот до ЕУ и унапредување на нивната постепена интеграција, подготвувајќи го теренот за пристапување и донесувајќи конкретни придобивки за нивните граѓани веќе за време на процесот на проширување.
- Во овој контекст, ЕУ ги зема предвид предлозите дадени од Комисијата во Планот за раст за Западен Балкан, кои треба да овозможат социо-економска конвергенција, исто така, преку забрзување на неопходните реформи, привлекување странски инвестиции и унапредување на регионалната економска интеграција преку заедничкиот регионален пазар, врз основа на правилата и стандардите на ЕУ. ЕУ е подготвена да ги испита предлозите дадени во Планот за раст за зајакнување на економската интеграција на Западен Балкан со ЕУ, се додава во Декларацијата.
Ново на Сител
-
Ѓоковиќ ќе игра на турнирот во Доха
-
Кривична пријава за охриѓанец кој си изградил куќа без одобрение
-
Изгласан Законот за извршување на Буџетот за 2025
-
Трамп не го покани Путин на неговата инаугурација во јануари, изјави портпаролот на Кремљ
-
Запленети околу 1500 парчиња пиротехника во Светиниколско
-
Општините и министерствата потрошиле над 2 милиони евра за адвокатски услуги во 2023
-
Нѐ чека уште едно пеколно лето, научниците предвидуваат дека 2025 ќе биде една од најтоплите во историјата
-
Во „голф“ превезувал 8 мигранти, уапсен 28 годишен Турчин