ЕУ И САД ќе ја соопштат проценката за изборите утре

Оценката на ЕУ и САД за тоа дали има услови за одржување кредибилни избори на 24-ти април ќе биде објавена утре, попладне, потврдија за МИА од Амбасадата на САД во Скопје.
ЕУ и САД денеска, а најдоцна утре требаше да ја објават проценката на меѓународната заедница дали се исполнети условите за одржување на предвремените парламентарни избори на 24. април, согласно договорот од Пржино.
Евроамбасадорот Аиво Орав, завчера одговарајќи на новинарско прашање изјави дека проценката се уште е во подготовка.
- Од една страна 24 април е дел од договорот како ден за предвремени избори, но од друга страна има многу задоцнувања во имплементацијата на договорот од Пржино, рече евроамбасадорот Орав.
Тој потсети дека ја оценуваат ситуацијата во три области за подготовката за изборите и тоа ДИК и Избирачкиот список, во однос на персоналот на ДИК и ревизијата на Избирачкиот список, второ медиумите-балансирано известување и договорот на четирите партии за медиумите, одвојувањето помеѓу државата и партиите, како и притисоци и закани.
Ново на Сител
-

Пожарот стигна до куќите во Куклиш
-

Тутунарите бараат осигурување со договорот
-

Нема труење во Тетово - цревните инфекции доминираат во педијатриските оддели
-

Владата бара Китановиќ да го повлече ставот за Младиќ или да си поднесе оставка
-

СДСМ бара транспарентност за дата-центрите, ВМРО-ДПМНЕ уверува дека носат развој
-

„Градски воз“: За 25 минути од Зелениково до Железничка - едносмерен билет 40, повратен 70 денари
-

Успешна туристичка сезона во Дојран
-

Недостигаат хотели со поголеми капацитет
