ЕУ до крајот на годината ќе и исплати на Турција три милијарди евра за бегалците
Европската унија денеска соопшти дека до крајот на годината ќе и ги исплати на Турција трите милијарди евра наменети за помош на бегалците, кои и ги вети со Договорот за запирање на бегалскиот прилив, склучен во 2016 година.
- Планираме до крајот на 2017 година да одвоиме три милијарди евра за помош на бегалците во Турција, изјави во Брисел еврокомесарот за миграција Димитрис Аврамопулос.
Анкара досега во неколку наврати ја обвини ЕУ дека не ги исполнила своите обврски од Договорот, пред се во делот на исплата на финансискате помош за згрижување на бегалците што се наоѓаат во Турција.
Со Договорот, Анкара се обврза на запирање на приливот на бегалци од турска територија кон Балканот, а за возврат Брисел вети финансиска помош за нивно згрижување во Турција, укинување на визниот режим за турските државјани при патување во земјите од Унијата и забрзување на преговорите за членство на земјата во ЕУ.
Одлуките за укинување на визниот режим и забрзување на преговорите за членство беа замрзнати по ланскиот обид за воен удар во Турција и мерките што ги презедоа властите во Анкара против лицата осомничени за поврзаност со пучот.
Ново на Сител
-
Владината програма за 2025 во функција на остварување на стратешките приоритети
-
ИЈЗ: Растат бројките на заболени од грип, но состојбата не е алармантна
-
Македонската зелка нема опасни пестициди
-
Купете си изгубен куфер за 120 денари
-
Преглед на вестите од светот
-
Запрена постапката за организаторите на 27 април - Судот утврди дека и за нив важи амнестијата
-
Вешти лица - Илијевска убиствата ги извршила во афект, стравувајќи за сопствениот живот
-
Грчкото МНР му одговори на Мицкоски - Македонското прашање е решено и дефинитивно