Балкан
1. July 2020 - 16:37

ЕУ членките контра ЕУ - нема влез за граѓаните од Западен Балкан

Одлуката на ЕУ од денеска да ги отвори границите за 15 земји, на терен не важи. 

Австрија прва објави дека нема да ја почитува листата, ставајки забрана за влез за  сите земји од Западен Балкан, вклучувајки ги и Србија и Црна Гора, иако тие се наогаат на списокот безбедни земји. Издадено е и предупредување до австриските грагани да не патуваат во регионот, Во образложението се вели дека во Австрија се регистрирани кластери  кои потекнуваат токму од  патувањата во и од балканските држави. Германија исто така ретерира. Се чека одлуката да се донесе на државно ниво.

Границите се уште  не ги отвара ни Франција.

Поради ваквиот хаос, граганите се оставени самите да се информираат  по амбасадите дали и од кога ке почне да важи листата, пишуваат српските медиуми, коментирајки дека секоја земја во ЕУ си го задржа првата сама да одлучува за своите граници, и покрај препораките на Советот на ЕУ. Пример за тоа е и  Хрватска, која на списокот безбедни земји ја додаде и БИХ.  Властите оттаму порачуваат дека не се откажуваат од туризмот, а во Ријека денеска пристигна  и првиот воз со околу 500 словачки и чешки туристи.

Државите пак кои не се најдоа на листата безбедни земји се соменаваат дека одлуката  е самоод здравстевни причини. Престедателот Ердоган  го обвини Брисел дека листата е политички мотивирана, и ја повика УНијата веднаш на неа да ја стави и Турција.