ЕУ бара Германија да ја зголеми јавната потрошувачката
Европската Унија побара од членките на Еврозоната кои имаат повисок економски раст, да го зголемат јавното трошење за да се засили европската економија, барање, кое според германските медиуми, главно е насочено кон Берлин.
Германија очекува годинава да има раст од 1,8 отсто според ревидираните проценки на ММФ, а во исто време продолжува да расте нејзиниот трговски суфицит, што само за месец мај е поголем за над 20 милијарди евра, јави дописникот на МИА од Берлин.
Според Брисел, германскиот раст не е соодветен на нивото на јавното трошење кое што може значително да помогне во опоравување на европската економија.
Засега германските власти одбиваат да направат радикални чекори во правец на зголемена јавна потрошувачка поради сојузните парламентарни избори закажани за септември, но не се отфрла можноста за прифаќање на барањето на Еврозоната со цел да се помогне европската економија.
Дел од германските политички партии и без барањето од Брисел сметаат дека Владата треба да ги потроши вишокот пари во Буџетот на нови инфраструктурни зафати.
Ново на Сител
-
На лекување во странство остануваат 48 повредени во пожарот во дискотеката во кочани
-
Протест во Кочани
-
Конструктивен состанок на лидерите на Вреди, блиску до заеднички настап на локалните
-
ССМ: Ни во синдикалната кошница нема алкохол и цигари, има само одмор во бунгалов во Дојран
-
Затворени четири угостителски објекти во Југоистокот поради недоследности во заштитата од пожари
-
Се зголемува интересот за тутунот кај нас, Македонија втора во светот по Турција за производство на ароматичен тутун
-
Детектирање на проблемот со булингот
-
Преглед на вестите од светот