ЕУ бара Германија да ја зголеми јавната потрошувачката
Европската Унија побара од членките на Еврозоната кои имаат повисок економски раст, да го зголемат јавното трошење за да се засили европската економија, барање, кое според германските медиуми, главно е насочено кон Берлин.
Германија очекува годинава да има раст од 1,8 отсто според ревидираните проценки на ММФ, а во исто време продолжува да расте нејзиниот трговски суфицит, што само за месец мај е поголем за над 20 милијарди евра, јави дописникот на МИА од Берлин.
Според Брисел, германскиот раст не е соодветен на нивото на јавното трошење кое што може значително да помогне во опоравување на европската економија.
Засега германските власти одбиваат да направат радикални чекори во правец на зголемена јавна потрошувачка поради сојузните парламентарни избори закажани за септември, но не се отфрла можноста за прифаќање на барањето на Еврозоната со цел да се помогне европската економија.
Дел од германските политички партии и без барањето од Брисел сметаат дека Владата треба да ги потроши вишокот пари во Буџетот на нови инфраструктурни зафати.
Ново на Сител
-
Приведен 40-годишен скопјанец баран за издржување казна затвор
-
Лишен од слобода жител на село Голем Папрадник, пронајдена марихуана
-
Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Кузеска
-
МЗ: На лекување во странство се 69 пациенти, нема промена во нивната состојба
-
45-годишен скопјанец физички нападнат од група малолетници во двор на основно училиште
-
Приведени двајца скопјани, го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу нив
-
Протестен „Марш за ангелите“ се одржа во Кочани
-
Сообраќајна несреќа во Струга кај магистралниот пат А-2, три лица се здобиле со повреди