ЕУ бара да се избрише смртната казна од Уставот на Република Српска
Укинувањето на смртната казна во Босна и Херцеговина е една од главните цели на политиката на човекови права на ЕУ и таа обврска се однесува на секоја земја која се стреми кон членство во ЕУ, изјави портпаролката на Делегацијата на ЕУ во Сараево и на Службата на специјалниот претставник на ЕУ во Босна и Херцеговина, Јамила Миловиќ Халиловиќ, за весникот „Независне новине“ од Бања Лука.
-Ги повикуваме босанските власти, особено во Република Српска, каде во Уставот се уште фигурира смртната казна за најтешките кривични дела, да обезбедат целосно укинување на смртната казна, подвлече таа.
Портпаролката додаде дека ЕУ повторно ја истакнува неопходноста од преземање на процедурите за промени во Уставот на Република Српска, како и дека знаат дека Босна и Херцеговина уште во 1997 година ја укинала смртната казна и дека Кривичниот кодекс на Република Српска не предвидува таква казна.
Ново на Сител
-
Почна протестот на вработените во ФЗОМ
-
Парламентарни избори 2024 - се заострува реториката помеѓу партиите
-
Пендаровски и Силјановска и денеска на терен
-
140 социјално загрозени семејства од Прилеп ќе добијат пакети храна и пари пред Велигден
-
Еколошките здруженија реагираат на загадувањето на Охридското Езеро
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Алберт Муслиу, политички аналитичар
-
Препорака до осигурителните компании - утре да ги вратат старите цени на полисите