Свет
25. August 2015 - 14:22

Естонија ќе гради ѕид на границата со Русија?

Естонските власти се со намера да изградат ѕид на копнената граница со Русија, објави весникот Постимеес.

Се предвидува ѕидот да биде висок 2,5 метри и долг околу 108 километри. За обезбедување ќе бидат поставени и камери и беспилотни летала.

Планирано е изградбата да почне во 2018 година. Проектот ќе чини 70 милиони евра.