Еспер: Синот на Осама бин Ладен е мртов

Американскиот министер за одбрана Марк Еспер денеска ја потврди смртта на Хамза бин Ладен, еден од синовите на Осама бин Ладен, неговиот наводен наследник на чело на Ал Каеда, за што на крајот на јули јавија американските медиуми.
Во текот на разговорот за американскиот кабелски канал Фокс, што беше емитуван во средата вечерта, Еспер ја потврди веста, но не изнесе детали за операцијата во која тој бил убиен.
– Не знам детали. Да ми беа познати ќе ги споделев со вас, рече шефот на Пентагон, кој на оваа позиција дојде на крајот на јули.
Американските медиуми кон крајот на јули соопштија дека Хамза бин Ладен е убиен и дека САД придонеле во операцијата на негова елиминација, но неговата смрт не беше никогаш јавно потврдена.
Хамза бин Ладен го сметаа за најдрагиот син, па и наследникот на Осама бин Ладен, основачот на мрежата која ги изведе нападите од 11 септември 2001 година во Њујорк и врз Пентагон.
Името на овој 30-годишник се наоѓа на американската црна листа на лица обвинети за тероризам, наведуваат тројца американски претставници.
Вашингтон во февруари понуди награда од милион долари за секоја информација која може да придонесе за негово апсење.
Хамза бин Ладен често пати го наведуваа како принцот наследник на џихадот. Некои документи, меѓу кои се и писмата кои агенцијата Франс прес ги откри во 2015 година, потврдуваат дека Осма бин Ладен него го сметал за својот наследник на чело на светскиот џихад против Западот.
Ново на Сител
-

Денеска се празнува Успение на Пресвета Богородица
-

Премиерот Мицкоски во посета на Манастирот Успение на Пресвета Богородица во Берово
-

Охрид преполн со туристи за празничниот викенд
-

Одржана 15-та средба на Русалии, единтвените играорци чувари на традицијата на бежанците од Егејскиот дел на Македонија
-

Охрид и ова лето во духот на музиката
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-

Пожарот во Тетово се шири кон Шар Планина, интервенираат пожарникари и полициски хеликоптер
-

Почина 72 годишен скопјанец на Инфективна – шеста жртва со западно-нилска треска
